Site hosted by Angelfire.com: Build your free website today!
Ставре Матеев - Гогов

Роден е во с.Вевчани, Струшко во 1884 година. Останал без образование и работел како ѕидар. Работи на Косово- Ѓаковица и други места. Во 1898 година во Вевчани извршува убиство во расравија со член на соперничката фамилија Поповци, по што е прогонуван од турската власт.

Се одметнува и од 1900 годинае четник на ВМОРО. Од 1901 година е четник во четата на прилепскиот војвода Т.Горанов, првата револуционерна чета која влегла во Струга.

За време на Илинденското востание е четник во четата на Л.Групчев. По востанието, во 1904 година е војвода на струшката чета на ВМОРО. Во 1906 година е ранет од четник поткупен од српската пропаганда.

На 10 април 1907 година, се засолник во куќата на неговиот вујко Трпе Шекутков во Вевчани, но турскиот аскер дознал уште истата вечер и ја сардисал куќата. Во нерамноправна борба, гинсат и домаќните а војводта се самоубва со последниот куршум.

<< Претходна | Следна>> | Именик

granicnik